Сообраќајната полиција деновиве врши засилени контроли и превзема казнени мерки за оние кои не го почитуваат летниот режим на сообраќај и поставената сигнализација. Се казнува секој возач кој ќе го паркира своето возило на место кое не е предвидено за оваа намена. 



Како што информираат од СВР- Охрид, засилените активности на сообраќајната полиција се одвиваат не само во централното градско подрачје, туку и насекаде во градот.



Деновиве, поради констатираните низа неправилности и непочитување на летниот режим на сообраќај, особено на кружниот тек кај Плоштадот „Св.Климент Охридски„ и на пешачката патека на потегот од Центарот за обука на вода према угостителските објекти, по интервенција на полицијата, од страна на службите при локалната самоуправа беа поставени технички препреки и дополнителна вертикална и хоризонтална сигнализација.

OhridNews