Во дисциплина флејта, први награди освоија Ана Бошалевска во класа на проф. Нина Момировска и Христина Љушкоска во класа на проф. Невена Танеска.
Во дисциплина кларинет, први награди освоија Денис Реџепоски и Христијан Јованоски класа проф. Трајче Темјаноски.
Втора награда освои Игор Климоски -хармоника, трета награда – Петар Кочоски-хармоника во класа на проф. Наумче Џуклески.
Охридското основно музичко училиште уште еднаш потврди дека е расадник на музички таленти и дека според успехот е на врвот меѓу основните музички училишта во земјава.
Учениците од „Методи Патчев“ продолжуваат со учеството на натпревари. Од 24- ти до 27- ми април ќе учествуваат и на 51- от Државен натпревар во Скопје во дисциплините солфеж, пијано, виолина и гитара.