Редарите при општинскиот комунален инспекторат  од 7 часот утрово се на терен и низ целиот град вршат контроли- дали е отстранет снегот од јавните површини пред приватните куќи, но и пред локалите, продавниците, хотелите.

Како што информираат од комуналниот инспекторат, изречени се голем број усни опомени, кои доколку не се испочитуваат, ќе следуваат и парични казни.


Во зависност од временските услови и доколку продолжат врнежите од снег, контролите продолжуваат и во текот на наредните денови.


Казната за ненавремено отстранување на снегот за физичките лица изнесува 50 евра, додека пак за правните субјекти се движи од 1500 до 2000 евра.

OhridNews