Бројни верници, меѓу кои и градоначалникот Никола Бакрачески, утрово присуствуваа на светата архиерејска златоустова литургија што се одржа по повод Христовото раѓање во црквата „Свети Ѓорѓи“ со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско- кичевски, господин Тимотеј.

Утре, втор ден Божик, света архиерејска златоустова литургија ќе се одржи во црквата „Света Богородица“-Челница, со почеток во 8.45 часот.

Свети литургии ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8.30 часот.

OhridNews