На Републички натпревар по математика, на кој учествуваа вкупно девет ученици од ова средно училиште, седум освоија награди. Првата награда ја понесе ученичката Теодора Бујароска, втора награда Виктор Домазетоски и Никола Буџакоски, трета награда освоија учениците Милијана Шулајкоска, Мартина Трифуноска и Ирина Ристевска, а пофалница и беше доделена на Христина Хаџиева.
Учениците од прва година се натпреваруваа под менторство на професорката Вера Јовческа , од втора година под менторство на професор Валентин Чачор и од трета година на професор Сузана Недеска Маркоска.
Учениците од охридската гимназија беа меѓу најуспешните и на Републичкиот натпревар по германски јазик.
Две ученички од „Св. Климент Охридски“ се закитија со високи награди. Исидора Јанева ја освои првата награда, а додека пак Дамјана Видическа втора награда.
Ментор на ученичките Јанева и Видическа е професор Цвета Дамчевска.