
Бројот на туристите кои ја посетиле Македонија во јули 2013 година, споредено со јули 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.6%.
Бројот на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.3%.
Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.1%, а кај странските има зголемување за 11.4%.












