Според
податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година се одржале 643 ликовни изложби, што е за 27,8 проценти повеќе во споредба со 2010 година.
Бројот на ликовните уметници-учесници на
изложбите, за истиот период, е зголемен за 15.4 %, а бројот на
посетителите на ликовните изложби е намален за 26.5%.
Во 2011 година се
организирани 27 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со
2010 година, е зголемен за 104.3%.