Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрени лица од насилна смрт е намален за 3.1% во однос на претходната година и изнесува 497 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.4%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2016 година, како и во претходните години, поголемо учество (76.1%) имаат машките лица.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 71.2%, „самоубиствата“ со 25.2% и „убиствата“ со 3.6%.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество (26.0%) имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“. Во категоријата „самоубиства“, случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 13.5%.
Во категоријата „убиства“, доминантна причина за смрт е „обид за нанесување на телесна повреда со тап предмет“, со учество од 1% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.
OhridNews