Интензитет на активноста на вирусот на грип е низок. Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип продолжува континуирано да опаѓа, информираат од Институтот за јавно здравје.
Во 17- та недела, односно во периодот од 21- ви април до 27- ми април , во Република Македонија пријавени се 93 новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што е намалување од 11,4% во однос на минатата недела.
Во сезоната 2013/2014,заклучно со 17-тата недела, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 28.946. Во споредба со истиот период од минатата година, овој број е поголем за 15,8%.
Во текот на 17-тата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.
OhridNews