
Земјотресот се почуствувал во североисточните области од Парма и бил со идентична јачина со земјотресот, кој пред седум дена ги погоди североисточните делови на Италија, Регионот Болоња, Модена и Ферара, кога загинаа седум лица.
Спасувачите добиваат бројни повици и дојави за затрупани луѓе во местата Мирандола, Финале Емилиа и Сан Феличе сул Панаро. Кон погоденото подрачје упатени се десетина амбулантни возила, а телефонските линии во противпожарните служби и полицијата на тоа подрачје се блокирани заради многубројните повици.
Земјотресот се почуствувал и во Словенија и Хрватска.
Претходниот разорен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер беше забележан во Италија во март 2009 година во градот Аквиља, кога загинаа 308 луѓе.












