Трагедијата се случила во тунел на пат кон затворена железничка станица за товарни возови каде за прв пат се одржува овој фестивал. Кога во тунелот влегле многу поститители се создала паника и луѓето започнале да трчаат. Преживеаните ги обвинија организаторите дека кобниот тунел всушност бил едеинствениот влез низ кој наеднаш се обидела да влезе огромна маса луѓе.
Меѓу загинатите има државјани на Холандија, Австрија, Кина, Италија и од Германија, сите на возраст од 20 до 40 години.
Очевидци од тунелот тврдат дека се обиделе да го предупредат полициското обезбедување дека е веќе пренатрупано, но биле игнорирани, а реакцијата да се запре приливот била задоцнета.
Организаторите на “Love parade“ соопштија дека парада на љубовта веќе никогаш нема да се одржи.