Истражување на американски научници спроведено во Кина, сугерира дека состојките од брокулата помагаат за исфрлање на хемиските содиненија поврзани со загадувањето од организмот.
Брокулата е суперхрана чии моќни антиоксиданти и витаминот Ц имаат благотворно влијание врз нашиот организам, а едно американско истражување спроведено во Кина открило и дека ефективно го прочистува организмот од загадувањата од животната средина.
Податоците објавени во стручното списание Cancer Prevention Research се однесуваат на исфрлањето на бензен и аколеин од телото преку урината.
Бензенот е познат канцероген, а присутен е во издувните гасови од автомобилите и низа хемиски производи.
Акролеинот е присутен во чадот од тутунот и чадот кој се создава од работата на индустриските погони, пишуваат истражувачи од Универзитетот Џонс Хопкинс.
Се покажало дека консумацијата на чај од варена брокула во тек на 12 недели резултирала со 61% побрзо исфрлање на бензен и 23% побрзо исфрлање на акролеин.
извор:metro-portal.hr