Охридската каратистка Тамара Ѓурчиноска обезбеди учество на Балканското првенство во млади категории откако на Државното првенство во Скопје се закити со бронзениот медал.

Ѓурчиноска која е дел од клубот „Кун-су-то“ третопласирана заврши во дисциплината „ката“ во кадетската конкуренција. Шансата на Државното првенство во Скопје не ја искористи Петар Трајчески кој остана без медал и пласман.

Балканското првенство ќе се одржи следниот месец во словенскиот град Љубљана.

OhridNews