Во октомври 2025 година, ТАВ Македонија, подружница на TAV Airports членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 318.160 патници и 2.328 летови.

Бројот на опслужени патници во октомври ги надмина бројките од 2024 година за 12%, додека бројот на летови во октомври 2025 е за 7% поголем од октомври во 2024 година, информираат од ТАВ Македонија.

Од 26-ти октомври стартуваше зимскиот ред на летање на аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и истиот ќе трае до 27-ми март 2026. Во овој период на Охридскиот аеродром ќе оперираат три авиопревозници на пет дестинации: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.

OhridNews