Голем срам пукна во Сплит вечерва, откако Фудбалскиот клуб Хајдук пред своите гледачи на легендарниот стадион „Пољуд“ изгуби од Гзира Јунајтед 3-1 и испадна поради правилото гол во гости од понатамошните натпревари во квалификациите за Лигата на Европа.

„Белите“ добро го отворија мечот и постигна погодок и со победата 2-0 од првиот меч стигнаа до предност од 3-0. Гостите во 57-та минута изедначија на 1-1, но далеку беа од нешто повеќе и големо. Во 69-та минута работите се закомпликуваа за Хајдук после вториот погодок на гостинскиот состав. Судиското продолежение се покажа среќно за Гзира Јунајтед, кој постигна трет погодок и благодарение на правилото гол во гости обезбеди пласман во следната фаза и го фрли на колена некогашниот хрватскиот шампион.

После завршувањето на натпреварот гневните симпатизери на Хајдук се обидоа да се пресметаат со фудбалерите, а поголем инцидент спречи полицијата која ќе има полни раце работа да ги заштите фудбалерите и луѓето од клубот.

OhridNews