Актерот Брус Вилис тврди дека на своето бебе Мејбел може да му промени пелени во рок од седум секунди. Тој изјавил дека е најбрз во куќата и дека верува дека држи рекорд, бидејќи пелената ја менувал за само седум секунди.

Ќерката Мејбел ја има од бракот со Ема Хеминг Вилис. Славниот актер исто така рекол дека глумата не е ништо во споредба со времето кое го минува со неговите деца. Сакал да се палави со нив и рекол дека времето минато со децата никако не може да се спореди со глумата.