Тимот од Енфилд не чекаше премногу да почне со реконструкцијата на екипата по крајно неуспешната сезона во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.
„Црвените“ во своите редови без оштетата го доведоа англискиот репрезентативец Џејмс Милнер, а на исти таков трансфер се солгаси и Дени Ингс, кој минатата сезона настапуваше за Барнли.
Ливерпул во трката за потписот на Ингс го совлада Манчестер Јунајтед, кој неколку пати кокетираше со напаѓачот, но тој се одлучи да им пристапи на „црвените“.
Ингс минатата сезона во Премиер лигата постигна 11 голови и беше една од светлите точки во крајно неусшешната сезона на Барнли.
Мх.П.