Рампата за регулирање на влезот во стариот дел на градот, поставена неодамна, вечерва е отстранета. Таа е скршена и оставена покрај коловозот.

На отстранувањето на рампата попладнево му претходеше уште еден инцидент кога возило на брза помош не можеше да влезе во стариот дел на градот што предизвика револт кај мештаните.

Како што објаснија надлежните служби од локалната самоуправа, поставувањето на рампите во центарот на градот е со цел да се растовари сообраќајот во строгиот центар во шпицот на туристичката сезона.