Значително зголемен обемот на работа на Брзата помош во Охрид. Со оглед на моменталната исполнетост на Охрид со туристи наместо стандардните две екипи во текот на утрешниот ден ќе биде ангажиран уште еден тим, вели д-р Михаил Кичов началник на Брза помош Охрид.

Поради зголемениот број туристи и густиот сообраќај, движењето и пристапот до пациентите е отежнато, особено во централното градско подрачје. Имаме екипа на плоштадот за време на целиот новогодишен настан, посочува Кичов.

Воедно, препорачува да се обрне внимание на количините на алкохолол кој ќе се конзумира за време на новогодишните празници, како и на ракувањето со пиротехнички средства.

Н.С.Ј.