Министерството за здравство добило донација од две компании од 13.000 брзи тестови кои преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање.

Закажувањето за овие тестови ќе започне од денеска. Лицата, пак, кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени, информираат од Министерството.

Претходно Министерството соопшти дека се набавени 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19.

Министерот Филипче посочи дека со ребалансот на буџетот Министерството за здравство добило близу 40 милиони денари и дека ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби.

OhridNews