СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Второпријавениот, надзорен орган во првопријавеното правно лице, составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс во Охрид, и покрај тоа што бил изграден спротивно на издадено одобрение, информираат од МВР.

OhridNews