Советот на Општина Охрид на денешната одржана петта седница го донесе Буџетот за 2026 година во износ од околу 2,4 милијарди денари. Буџетот е развоен и е резултат на домаќинското работење на актуелната локална власт, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576,oo денари. За капитални расходи се предвидени 25.354.000,оо денари. За поддршка на локалниот економски развој предвидени се 9.300.000,оо дена а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490,оо ден. За одржување и користење на паркови и зеленило предвидовме 12.107.307,оо ден, посочува Пецаков.

Додава дека како и со претходните буџети, така и во овој акцент се става на подобрувањето на патнат инфраструктура па во оваа насока предвидена е реконструкција на локален пат од камп Љубаништа до стационажа, улица „Петрино“ до пресек со ул. „Караорман“ с.Лескоец, патот кој го поврзува с. Велгошти со с. Лескоец, реконструкција на ул. „Даме Груев“ од кружна раскрсница на „Јане Сандански“ со ул. „Питу Гули“ до пресек со бул. „Туристичка“, реконструкција на дел од ул. „7-ми Ноември“ од кружна крстосница кај Охридска банка, реконструкција на ул. „Кленоец“ и дел од ул. „Петрино“.

Исто така предвидено е реконструкција на улици во населба Бараки, локалениот пат за с. Завој, реконструкција на дел од ул. „Партизанска“ населба Охридати, изградба на фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од ул. „Малесија“, „Александар Гушо“, „Т. Дојчиноски“, „Први Мај“, „Ванчо Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ и нивна реконструкција.
Предвиден е проект за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем.

Со овој буџет опфатена и е поддршката во образованието, стипендии, поддршка за спортот, како и за спортските и културните манифестации.

Охрид не запира повеќе. Продолжуваме со уште понапорна работа за уште поубав Охрид!, потенцира Пецаков.

Инаку,  на седницата од страна на советниците беа поднесени 15 амандмани од кои дел беа прифатени, за дел кои беа одбиени беше споменато дека веќе се вметнати во програмите, додека одредени мерки се реализираат од страна на државата. Поднесените амандмани се однесуваат на инфраструктурата, земјоделие, животна средина, социјална и здравствена заштита.

Н.С.Ј.