Унгарскиот главен град Будимпешта се повлече од трката за домаќин за Олимписките игри 2024 година, соопшти официјално унгарската влада.


Будимпешта, Лос Анџелес и Париз беа единствени кандидати за домаќини на ОИ 2024 година, а сега во септември Меѓународниот олимписки комитет ќе решава меѓу француската престолнина и калифорнискиот велеград.

Одлуката за повлекување на кандидатурата на Будимпешта ја донеле унгарскиот премиер Виктор Орбан, градоначалникот Иштван Тарлос и претставници на Унгарскиот олимписки комитет, кои итно се состанале по веста дека противниците на кандидатурата собрале преку 250.000 потписи, што е повеќе од доволно за референдум.

На Будимпешта и се даваа најмалку шанси за победа, не само заради негодувањето на јавноста, туку и заради фактот дека Унгарците би морале да изградат повеќе од половина од спортските објекти.

OhridNews