Група од околу 30 тибетски будисти одлучиле да откупат 534 живи јастози и да ги спасат од суровата судбина. Јастозите се скап и популарен специјалитет, кој се спрема на суров начин, односно тие живи се варат во врела вода. Будистите следеле еден рибарски брод од северен Масачусец, кој ги уловил јастозите и ги купиле.
Тие потоа раковите ги попрскале со осветена вода, ги одврзале нивните клешти и еден по еден ги вратиле во морето. Ослободувањето на јастозите било закажано за 3 август, кога оваа година бил обележан тибетскиот празник Ден на вртење на тркалото, односно годишнина на првото проповедање на Буда. Тој празник будистите го прославуваат правејќи разни добри дела, а посебно спасување животни.