Кошаркарите на Будуќност предводени од поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ ја прекинаа тригодишната доминација на Црвена Ѕвезда во АБА лигата победувајќи ја со 3-1 во финалната серија.
Будуќност првата титула во регионалното друштво ја освои со двете победи во серија на домашен терен во салата „Морача“. „Црвено белите“ кои во финалната серија настапија без Перо Антиќ немаа одговор за противниците и останаа без пласман во Евролигата следната сезона.
До третата победа „сино белите“ стигнаа после драматична игра со многу пресврти во текот на мечот. При резултат 70-70 Црвена Ѕвезда не искористи напад, а домашните кошаркари погодија и си го трасираа патот до титулата.
Со поразот во финалето Црвена Ѕвезда го загуби евролигашкиот статус, а на последната позиција во регуларниот дел од сезоната заврши МЗТ Скопје.
OhridNews










