Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн за само 79 секунди успеа да го постигне дебитанскиот погодок во дресот на англиската репрезентација.


Токму тој и Вејн Руни ќе преставуваат најголема опасност пред голот на Џајнлујџи Буфон во контролниот натпревар, кој ќе го одиграат Италија и Англија.

– Јас сметам дека тој моментално е најдобар фудбалер во Англија. Како голман не можеш да се фокусираше само на еден фудбалер, но мораш секој поединечно да го простудираш. Тоа и го направив и видов некои работи кои навистина ме импресионира. Кога на Кејн ќе го додадеш и Руни англиската селекција го имаат можеби најубиствениот напад во фудбалот. – рече капитенот на „азурите“.

Последниот дуел на овие две селекции беше на Светското првенство во Бразил каде италијанците славеа со 2-1 против англичани во групната фаза.

Мх.П.