Италијанскиот чувар на мрежата Џиџи Буфон во скоро време нема да се повлече од фудбалот. Тој обеделодени дека пред да заврши со активното играње фудбал има желба да брани во Бока Јуниорс.

Буфон со полни 40 години е дел од францускиот гигант Пари Сент Жермен и покажа маестрална форма на дуелот со Наполи во рамките од Лигата на Шампиони. Причина за желбата да брани во Бока е неговиот близок пријател Карлос Тевез и аргентинската пасија за фудбалот.

  • Јас со Тевез сум многу добар пријател, тој е човек кој многу го сакам, во Јувентус беше еден од најголемите лидери. Ако му требам на Тевез, јас сум подготвен да направам таква лудост и да потпишам за Бока да бранам таму. – изјави Буфон.

Буфон кариерата ја започна во Парма, а на 19 години се пресели во Јувентус каде бранеше цели 20 сезони. Пред почетокот на сезоната се пресели во ПСЖ.

OhridNews