Капитенот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон најемитовно реагираше после досудениот пенал од главниот судија Мајкл Оливер во последната минута од судиското продолжение на дуелот со Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу. Пеналот во погодок го претвори Кристијано Роналдо, а Буфон не го бранеше, бидејќи претходно доби директен црвен картон.

– Да досудите ваков контроверзен пенал и да го уништите трудот на целата екипа која даде се` од себе морате место срце во телото да имате канта полна со ѓубре. Ако сте човек, на ваков начин смеете да делувате да отпадне еден тим, но очигледно судијата не е човек. – изјави Буфон.

Во одбрана на Буфон за кој можеби дуелот во Мадрид беше последен во ЛШ застана тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој на сличен со удирање на Марко Матераци во финалето на Мундијалот 2006 година ја заврши фудбалската кариера.

– Џиџи ова не го заслужи, но нажалост ова не можеме да го промениме. Црвениот картон и неговата реакција нема да остави никаков белег на неговата кариера, бидејќи тој е фантастична личност и спортист. Ќе ми биде криво ако оваа сезона вистина му биде последна. Се надевам дека ќе се предомисли. – рече Зидан.

Околу пеналот размислувањата се поделени на фудбалските стручњаци, а на социјалните мрежи кружат безброј видеа со објаснување дали имало или немало најстрога казна.

OhridNews