Италијанскиот шампион Јувентус претрпе нов вкупно четврти пораз во Серија А сезонава на гостувањето кај тимот на Сасуоло (1-0).


„Старата дама“ сезонава воопшто не наликува на тимот кој минатата жареше и палеше низ Европа. Поразот од Сасуоло ги смести „бјанконерите“ на 11-та позиција од табелата.


– Сите игравме лошо нешто што не е прифатливо за екипа од нашиот ранг. Јас сум многу растревожен бидејќи како капитен не сакам тимот да излегда така. Пристапот на играчите во сите мечеви мора да се промени за што побрзо да заличиме на Јувентус бидејќи сега сме далеку од таа слика. Играчите премногу се расправаат и зборуваат со судиите, нешто што е одлика на „лузер“, не на победник, а ние се спуштивме на тоа ниво. – рече капитенот на Јувентус, Џиџи Буфон.

Италијанскиот репрезентативец дел од вината за лошите резултати во серија пронајде во честите повреди и неколкуте заминувања на играчи од тимот кои беа носители на играта.

Ohridnews