Шампионот на Италија, Јувентус на крилата од Џајнлујџи Буфон го совлада Лион со 1-0 и го освои целиот плен на тешкото гостување во Франција. Буфон беше вистинска ноќна мора за фудбалерите на Лион кои не најдоа начин да го совладаат легендарниот голман. Популарниот „Џиџи“ бранеше се и сешто на Жерланд стадионот, а меѓу одбраните запиша и удар од белата точка.
По неколкуте одбрани во серија на Буфон, голманот на Лион, Антонио Лопез со аплауз го поздрави учинокот на Италијанецот кој се вбројува меѓу најдобрите голмани во историјата на фудбалот.
OhridNews