Италијанскиот првак Јувентус ја доби првата битка од полуфиналната „војна“ со Реал Мадрид победувајќи во првиот меч со 2-1.


„Кралевите“ пред своите гледачи осоколени го очекуваат реванш натпреварот, а според капитенот на Јувентус, Џиџи Буфон тука е шансата за неговата екипа.

– Тие ќе горат за победата, која веќе ние ја имаме во своите раце. во никој случај не треба да им дозволиме да ни ја одземат. Ќе им се спротиставиме со нивното најдобро оружје нападот бидејќи само така можеме да ја одбраниме предноста од првиот натпревар. – истакна Буфон.

Последен пат „бјанконерите“ во финалето од ЛШ играа во 2003 година, а трофејот го чекаат веќе 19 години.

Мх.П.