Лидерот на табелата во Серија А, Јувентус ги освои трите бодови во дербито со Наполи во рамките од 11-та рунда победувајќи со 2-1.


Човек на одлука беше поранешниот фудбалер на „азурите“, Гонзало Игуаин кој погоди за 2-1, што подоцна значеше и победа за „бјанконерите“.

– Ние победивме со голот на Игуаин, а тој постапи најправилно кога одлучи да не го прославува погодок. Тој е многу фер и коректен играч и реагираше како што сите очекувавме. Што се однесува до мечот, мора да се подобриме особено во транзицијата. Треба да бидиме побрзи кога напаѓаме и кога се враќаме назад. Овие работи мора да ги поправиме што побрзо бидејќи ќе дојдат мечеви со поголеми клубови, каде што ќе немаме можност за поправка. – рече капитенот Џиџи Буфон.

Игуaин не го прослави голот, но го реши Наполи (видео)

OhridNews