Италијанскиот голман, Џајнлујџи Буфон уште еднаш ја покажа својата спортска велечина. По завршувањето на мечот Лацио – Јувентус (0-2), Буфон отиде на трибината каде што се сместени “ултрасите“ од Лацио и со аплауз ги поздрави за безрезервното навивање.


Навивачите на “небесно сините“ му возвратија со поголема доза, иако “џиџи“ со своите одбрани го отпиша Лацио од било каков поволен резултат против Јувентус.


Мх.П.