Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги објави имињата на 59-те фудбалери кои ќе конкурираат за златната топка. Меѓу петте голмани кандидати нема место за капитенот на Јувентус и „азурите“, Џајнлујџи Буфон, а на листата се наоѓаат Мануел Нојер, Тибо Куртоа, Клаудио Браво, Давид де Геа и Давид Оспина.
Многумина останаа зачудени од одлуката на ФИФА да го изостават Италијанецот кој имаше брилијатна сезона во дресот на Јувентус освојувајќи две титули со клубот, а имаше шанса за трета но клубот претрпе пораз од Барселона во финалето ЛШ –
– Чудно е што ме нема меѓу најдобрите пет голмани, а очекував дека ќе бидам. Очигледно е дека си ги преценав своите можности. – рече популарниот Џиџи и додаде : – Им пуштам прегратки на сите медиуми кои деновиве ме бранат, а на членовите на ФИФА им посакувам успешна работа.
Буфон во 2006 година беше во потесниот избор за најдобар играч, но тогаш изгуби од соиграчот во репрезентација која го освои Мундијалот во Германија, Фабио Каванаро.
Мх.П.











