Голманот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон во неделата на дербито со Торино во Серија А го помина легандарниот Дино Ѕоф по вкупниот број минути без примен погодок.


Капитенот на „старата дама“ издржа 974 минути и во чест тоа напиша писмо посветено на неговата љубов „голот“.

– Имав 12 години кога ти го свртив грбот. Но, ветив дека ќе направам се да го заштитам твоето лице. Или, тоа ќе го правам најдобро што можам. Кога ќе те изневерев ми беше многу тешко да ти се свртам. Спротивни сме, како месец и сонце, но присилени сме да живееме заедно, и тоа без контакти. Пред 25 години дадов збор и се заколнав дека ќе те бранам и чувам од сите непријатели. Исто така секогаш водев и ќе водам да ти добро во мое присуство. Пак ќе повторам, имав 12 години кога ти го свртив грбот и ќе продолжам да го правам тоа додека моите нозе, мојата глава и моето срце можат да издржат. – напиша на својот профил на „Фејсбук“, Италијанецот.

Буфон кариерата ја започна во Парма, а ја продолжи во Јувентус каде заштитен знак и најдобар голман во историјата на италијанскиот фудбал.

OhridNews