Италијанскиот голман Џиџи Буфон богатата фудбалската кариера ќе ја продолжи во францускиот шампион Пари Сент Жермен. Клубот, на Џиџи му подготви неверојатно видео со италијански стил за официјална промоција.

40-годишниот чувар на мрежата во редовите на „светците“ доаѓа со една цел, освојување на титулата во Лигата на Шампиони, со која не успеа да се закити додека бранеше на голот на Јувентус цели 17 години.

ПСЖ ќе биде трет клуб во кариерата на Џиџи. Пред да се пресели во Јувентус легендарниот голман бранеше во Парма.

OhridNews