Капитенот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон во финалето од Лигата на Шампиони против Барселона ќе има втора прилика за освојувањето на трофејот, кој му недостасува во богатата колекција.


За пласман во големото финале „бјанконерите“ го елиминираа актуелниот Европски првак, Реал Мадрид со вкупен резултат (3-2).

– Во Берлин не одиме како туристи. Имаме голема шанса да го освоивме трофејот и тоа не се пропушта. – рече Буфон, а на тоа се надоврза Карлос Тевез, кој водеше битки на средината од теренот со фудбалерите од Реал Мадрид. – Цело време е иста приказната со нас. Некој друг е фаворит, а ние го изненадуваме. Тоа е нашата снага и пак ќе имаме таква прилика во финалето против Барселона.

Честитка до фудбалерите на Јувентус упати и легендата на клубот Алесандро дел Пиеро преку социјалните мрежи.

Мх.П.