Пишувањата во светските медиуми за договор помеѓу легендарниот италијански голман Џајнлујџи Буфон и Пари Сент Жермен остануваат шпекулации. 40-годишниот Буфон побара трпение и уште една недела да ја донесе правилната одлука за продолжение на неговата кариера.
– Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Имам 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да ја анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен. – изјави Џиџи Буфон.
Голманот од Јувентус замина после неверојатни 17 сезони, а во редовите на „старата дама“ дојде од Парма сега веќе далечната 2001 година.
OhridNews