Националната агенција МИА побара одговор од Европската Комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу С. Македонија и ЕУ, проблемот е употребата на “македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.
Со С. Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.
Референцата “македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.
Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија, јавува МИА..
OhridNews












