Селекцијата на Бугарија која е следен ривал на Македонија со победа (1-0) над Португалија предводена од Кристијано Роналдо го најави дуелот со „црвено жолтите“.
Бугарите минатиот квалификациски циклус најавија враќање на старите патеки и почнаа веднаш со остварување победувајќи ја респектабилната репрезентација на Португалија.
Стрелец на победничкиот погодок за бугарите беше натурализираниот Марселињо во 19-та минута од натпреварот. Но, се ќе беше поинаку на мечот ако првата ѕвезда на „селесао“ Роналдо во погодок го претвореше ударот од белата точка.
Мечот меѓу Македонија и Бугарија на „Филип Втори“ арената се играв вторник, а бугарите го најавија повеќе од посакуваното.
Од другите контролни натпревари за издвојување се победата на Франција над Холандија 3-2 и минималниот триумф на Република Ирска над Швајцарија.
Резултати: Ерменија – Белорусија 0-0, Луксембург – БиХ 0-3, Словачка – Латвија 0-0, Ирска – Швајцарија 1-0, Холандија – Франција 2-3, Португалија – Бугарија 0-1.
OhridNews