Бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 15 ноември во О2 арената во Хамбург ќе го предизвика светскиот првак Владимир Кличко.


– Во моментов нема друг боксер во светски рамки, кој може да му парира на Кличко. Тој го заслужи ова и мислам дека ќе пружи достоен отпор во рингот – рече тренерот на Бугаринот, Ото Рамин.

Кличко, преку својот официјален профил на „Фејсбук“ се огласи и порача дека е подготвен како никогаш до сега.

– Пулев треба да е загрижен, бидејќи сум во топ форма. Продолжувам да работам и на брзината и силата на моите мускулите. Сигурен сум дека ќе ги израдувам фановите на 15 ноември – напиша Кличко.

Во 65-те борби до сега Кличко има 62 победи од кои 52 со нокаут додека предизвикувачот 20 победи во исто толку борби во рингот.

Мх.П.