Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првото издание на Олимпискиот маратон на 10 километри, што се одржа денеска во водите на Охридското Езеро, на градскиот кеј. Во фото финиш тој за дел од секундата беше побрз од холанѓанецот Марсел Шутен, остварувајќи време од 1 час 54 минути и 48 секунди.

Трет на целта пристигна македонски пливач Александар Илиески, кој наредниот викенд ќе плива и на големиот маратон што ќе се одржи во Охрид.

Најбрза во женска конкуренција беше 14 годишната бугарка Василики Кадоглу со време (2.20.37), како второпласирана заврши Тјаша Возел од Словенија.

Организаторот на трката која се одржа под мониторинг на ФИНА се надева дека Охридскиот олимпинки маратон ќе добие позитивни оценки што ќе го стави во календарот на светската пливачка федерација догодина.

На првото издание на Охридскиот олимписки маратон учествуваа 12 пливачи.

OhridNews