Туристкка од Бугарија на возраст од околу 50 години била пронајдена мртва вечерва во изнајмен апартман во Струга, јавува порталот „Република“, повикувајќи се на полициски извори.

Како што пишува порталот, според првичните наоди од истрагата на телото на починатата не биле забележани траги на насилство.

Истрагата ги утврдува причините за смртта на бугарската државјанка.

OhridNews