Бугарскиот прволигаш Светкавица ќе одигра тест средба со албанскиот суперлигаш Поградец попладнево на “СРЦ Атина Бојаџи“. Бугарскиот тим за кого овај меч ќе биде генерална проба пред стартот на првенството на 4 март, по одиграните 15 есенски рунди се наоѓа на дното на табелата во Првата лига на Бугарија.

 
Покрај оваа, за денес закажана е уште една тест средба во која Охрид Лоте ќе ги одмери силите со лидерот во косовскиот шампионат Хиси.

М.П.