Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра против Букурешт во полуфиналето од Ф4 турнирот во Будимпешта.
“Црвено-црните“ по трет пат ќе играат во разигрувањето за трофејот во Лигата на Шампиони.
Минатите две учества избраничките на Индира Кастратовиќ ги завршуваа во полуфиналните натпревари.
Во второто полуфинале ќе се сретнат актуелниот првак Будуќност и унгарскиот гигант Ѓер.
Финалниот турнир ќе се игра на 7 и 8 мај во Будимпешта.
OhridNews