Најдобрата ракометарка на Будуќност, Катарина Булатовиќ поради повреда ќе го пропушти дерби мечот со Вардар во Лигата на Шампиони.


Булатовиќ на последниот тренинг се здоби со повреда зглобот и ќе биде вистински хендикеп за гостите од Црна Гора на дуелот со Вардар, кој е закажан за в недела во 19 часот.

Составот на Будуќност е на првата позиција на табелата додека избраничките на Инидра Кастратовиќ ќе атакуваат на победа, која ќе ги лансира на врвот.

Мх.П.