Изгласувањето на нацрт- плановите за Табана и Ривиера се против законот и ние ќе ги преземеме сите законски мерки за да го стопираме донесување на вакви планови, изјави на прес- конференција директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања паскали- Бунташеска по усвојувањето на нацрт-плановите на денес одржаната седница на советот. Завод и музеј се задолжени за изработка на заштитно конзерваторските основи, а мислење треба да даде и Управата за заштита на културното наследство од каде и за двата нацрт- планови е дадено негативно мислење, порадиголемиот број забелешки, објаснува Бунташеска.


– За планирање на овие простори НУ Завод  и Музеј Охрид изработи во 2008 Заштитно конзерваторски основи кои беа доставени до Управа за заштита на културното наследство, истите беа разлгедани и одобрени. Од кога беше побарно да се изготват овие основи, тие беа експресно изработени за да може што побргу да биде доставен до планерите и што побргу да се изработата плановите.  За жал, планерите не постапија спрема смерниците кои што ние ги дадовме со нашите заштитно конзервативни основи. Според Законот, основите се работат пред отпочнување со планирање на просторот, со цел да се дадат смерници за планирање на заштитени подрачја, и истите да бидат вметнати во деталните урбанистички планови. Уште во 2011 година, и двата планови се доставени како готови до Управата за заштита на културното наследство од каде е добиено негативно мислење, вели директорката на Завод и музеј- Охрид.

Таа додава дека и покрај негативните мислења, во текот на годината Локалната се обидела овие планови како нацрт да ги помине на седница и да ги даде на јавен увид, но тоа не се случи.

–    Веројатно увидоа дека прават грешка и се премисилија и ги повлекоа од седница. Се чудам која им е храброста, што сега повторно истите планови без позитивно мислење ги ставаат на седница. На дневен ред не се поставени регуларно, не се поминати низ комисијата за урбанизам, туку само се ставија како точка на дневен ред на седница. Од тука се гледа дека нешто не е во ред со плановите, бидејќи не одат регуларно, рече Бунташеска.
 
Потенцира дека смерниците кои се даваат од нивна страна за планирање на просторот мора да бидат вградени уште во нацртите на плановите, во спротивно само се доведуваат во заблуда граѓаните.

 – Имаше 4 години да се исправат забелешките, ние не сме тие кои го кочиме планирањето на просторот. Во нашите основи се вложени голем труд и анализа, и секако инстираме она што е законски сработено да биде вградено во плановите. Затоа постоиме како институција. За ваквиот начин известени се Управата за заштита на културното наследство, Министерството за транспорт и врски и ќе бидат преземени сите законски ингеренции за да го стопираме ваквиот план. Ова не е прв пат, и планот за Св Стефан се донесе незаконски, изјави Паскали- Бунташеска.

OhridNews