Фудбалерот Бурхан Мустафов е најновото засилување за новајлијата во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Лум.

Мустафов во редовите струшките редови се сели од Ренова каде ја помина минатата полусезона. Претходно фудбалерот за врска настапуваше за албанска Теута, Победа и Пелистер.

25-годишниот фудбалер е вкупно четврто засилување за „црвените белите“. Нови имиња се Христијан Кировски, голманот Урош Ѓуриќ и Ерман Рамадани.

Новата сезона во Првата лига започнува на 11 август.

OhridNews