Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на политичарите за кривични дела поврзани со прислушкуваните разговори предизвика протести и контрапротести низ земјава. Во Скопје над 1000 лица демонстрираа пред седиштето на владејачката ВМРО ДПМНЕ, едновремено изразувајќи поддршка за Специјалното јавно обвинителство.

Протестот организиран преку социјалните мрежи мина со поситни кошкања помеѓу демонстрантите и специјалната полиција која не дозволи пристап до седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Специјалци имаше и пред седиштето на опозциската СДСМ каде исто така вечерва имаше протест на неколку стотини граѓани. Тие изразија незадоволство што лидерот на СДСМ, како што рекоа, по втор пат е аболициран.

OhridNews

Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија