Вест Хем му го зеде скалпот на англискиот шампиони Челси на Аптон Парк победувајќи го со 2-1 во бурен натпревар.
„Чеканите“ со 1-0 поведоа со голот на Мауро Зарате во 17-та минута, а пред крајот на првиот дел „сините“ останаа со играч помалку откако втор жолт картон заработи Немања Матиќ.
Во паузата меѓу полувремињата исклучен беше и менаџерот на Челси, Жозе Мурињо кој имаше блиска средба со судиите.
Гостите од Стемфорд Бриџ и со играч помалце со погодокот на Кејхил успеаја да се вратат во игра.
Но, не издржаа до крајот откако Енди Керол во 80-та минута постигна втор погодок за домаќините кој се покажа пресуден за конечна победа.
Резултати : Астон Вила – Свонси 1-2, Лестер – Кристал Палас 1-0, Норвич – ВБА 0-1, Стоук – Ватфорд 0-2, Вест Хем – Челси 2-1, Арсенал – Евертон.
Мх.П.










